Дома Фудбал Ван Дајк не ја доби наградата, но после церемонијата даде господска изјава

Ван Дајк не ја доби наградата, но после церемонијата даде господска изјава

Холандскиот репрезентативец Вирџил ван Дајк не беше разочаран откако Лео Меси синоќа во Милано беше прогласен за најдобар играч на светот.

Ван Дајк беше прв фаворит според обложувалниците за освојување на ова престижно признание, па поради тоа многумина беа изненадени кога беше прочитано името на Меси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, после церемонијата одличниот стопер на Ливерпул не беше разочаран.

„Луѓето кои гласаа ја донесоа одлуката и јас тоа го прифаќам. Не можете да не споредите Меси и мене како фудбалери бидејќи сме сосема различни. Горд сум на себе што се најдов овде.“ – изјави Ван Дајк.

Ван Дајк е избран во идеалните 11. во Европа, а за крај на новинарите им кажа дека не може да биде разочаран.

„Разочаран? Не можеш да бидеш разочаран.“ – додаде дефанзивецот на Ливерпул.

Да потсетиме, тој претходната сезона ја освои титулата во ЛШ со Ливерпул, а исто така играше финале во Лига на нации со својата Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…