Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк го потврди трансферот на неговиот сонародник Доно ван де Бек во Манчестер Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Трансферот на Ван де Бек од Ајакс на „Олд Трафорд“ е договорен за 40 милиони фунти и недостасува само официјализација, а Ван Дајк смета дека тоа ќе биде во полза како на самиот играч така и на холандската репрезентација.
„Му посакувам се најубаво на Дони од срце. Од овој трансфер ќе има полза тој, но и националниот тим. Манчестер Јунајтед е одличен клуб и ова е голем чекор напред за Дони. Истото може да се каже и за трансферот на Аке во Манчестер Сити“, истакна Ван Дајк.