Дома Фудбал Англија Ван Дајк верен на Ливерпул – добива нов договор

Ван Дајк верен на Ливерпул – добива нов договор

Англиските медиуми пишуваат дека еден од најважните фудбалери на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк се согласил да потпише нов договор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Холанѓанецот минатата година во јануари стигна на „Енфилд“ за неверојатни 75 милиони фунти од Саутемптон и потпиша договор на пет години.

Токму Ван Дајк е најзаслужен што Ливерпул од тим со слаба одбрана, стана еден од најдобрите тимови во Англија во дефанзивата. Исто така е еден од најзаслужните што Ливерпул минатата сезона триумфира во Лигата на шампионите.

Ван Дајк според сегашниот договор заработува 125.000 фунти неделно, а „црвените“ решија да му понудат нов, побогат договор според кој ќе заработува 200.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус загуби од Фиорентина и само ќе сонува за ЛШ!

Екипата на Јувентус претрпе тежок пораз со 0:2 од Фиорентина во натпревар од 37-то коло на…