Дома Фудбал Репрезентации Ван Гал по објавата дека е тешко болен соопшти добри вести

Ван Гал по објавата дека е тешко болен соопшти добри вести

Холандскиот стратег Луис Ван Гал минатата недела ја шокираше јавноста со објавата дека е тешко болен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ван Гал во овој момент е селектор на Холандија со која се спрема за Светското првенство во Катар. Кон крајот на март Холандија одигра два пријателски натпревари, а потоа Ван Гал гостуваше на холандска телевизија и ги изненади сите со откритето дека е тешко болен.

Холанѓанецот соопшти дека боледува од рак на простата за кој дознал пред неколку месеци, но молчел. Во болница одел во ноќните часови за неговите фудбалери и новинари да не дознаат за што се работи.

Сепак, на крајот одлучи да ја информира јавноста во случај да се случи најлошото…Меѓутоа сега тој ја израдува јавноста со информацијата дека ситуацијата му се подобрува.

„Поминувам низ сето тоа. Имав 25 третмани на зрачење. Потоа морав пет илишест месеци за да видиме дали зрачењето си ја завршило работата, докторите ми кажаа дека поминало се во најдобар ред. Третманите беа успешни и среќен сум што можам тоа да го кажам“, изјави Ван Гал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нов срамен потег на Роналдо: Вакво нешто не се гледа секој ден (Видео)

Фудбалерите на Ал Наср го загубија финалето на Азиската лига на шампиони 2, каде што подоб…