Холандија остана без селектор, откако Луј Ван Гал си поднесе оставка по поразот на пенали од Аргентина во четвртфиналето на Мундијалот во Катар.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ван Гал кажа дека е време да си замине од репрезентацијата, која ја предводеше по третпат во неговата богата кариера.




„Нема да останам. Ова е мој последен натпревар. Не загубивме ниту еден меч, не знам колку добивме, но може да проверите на ‘Гугл’“, кажа 71-годишниот Ван Гал.




Холандија под негово водство во последниот мандат запиша 16 победи, шест ремија и ниту еден пораз, при што гол-разликата беше 51-17.