Уругвај и Чиле одиграа 1:1, а во центар на внимание беше Луис Суарез, кој уште еднаш потврди дека за него фер-плејот не постои.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Суарез го привлече вниманието на фудбалската јавност со својот начин да спречи брз напад на Чилеанците.
На својот поранешен соиграч, голманот Клаудио Браво, не му дозволи да ја исфрли топката од гол-аут, така што ја соблече копачката и почна да ја мести пред него.
Кога Браво се тргна настрана и се обиде од друго место да изведе гол-аут, Суарез ја фрли копачката пред топката и повторно го блокираше обидот на голманот.
Суарез и во минатото покажа дека е спремен на СЕ за победа.
Suarez 😭😭 pic.twitter.com/oNth3WrcTE
— Kevin (@BrazilianDest) June 21, 2021