Дома Фудбал Валверде со прва критика за Гризман: Треба повеќе да биде вклучен во играта!

Валверде со прва критика за Гризман: Треба повеќе да биде вклучен во играта!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде ја предизвика новата ѕвезда на Каталонците, Антоан Гризман да се истакне како лидер на тимот во претстојниот меч со Бетис овој викенд.

Барселона со пораз од Атлетик Билбао ја отвори новата сезона, а Валверде се соочува со големи кадровски проблеми пред мечот со Бетис викендов.

Луис Суарез и Осман Дембеле се надвор од тимот поради повреда, Лео Меси е неизвесен, па главна „игла“ во нападот ќе биде Антоан Гризман.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Тој треба да биде повеќе вклучен во играта и секогаш да ја бара топката. Добро е ако го имаме близу до шеснаесетникот на противникот поради неговото одлично движење, но тоа ќе биде од полза само ако целосно доминираме на нашите натпревари“, изјави шпанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА на нозе, Барселона поднесе жалба за судењето: „Одлуките не беа во согласност со правилата на играта“

Каталонскиот тим победи на реваншот со 2:1, но победата на Атлетико на Ноу Камп во првиот …