Дома Топ вести Валверде извлече ас од ракавот: Пристигнува екс напаѓач на Реал Мадрид

Валверде извлече ас од ракавот: Пристигнува екс напаѓач на Реал Мадрид

Барселона оваа сезона е убедлива во Примера, добро игра и во Лигата на шампиони, но Валервде не сака ништо да препушти на случајот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Осман Дембеле се опоравува од повредата, Пако Алкасер е повреден, Жерард Делуфеу не ги исполни очекувањата, па тренерот на Барса сака да донесе засилување во нападот.

Се чини дека нема да пристигне некое спектакуларно засилување во јануари, а шпанските медиуми пренесуваат дека Валверде го сака напаѓачот на Алмерија, Хозе Ангел Поцо.

Поцо потекнува од школата на Реал Мадрид, а професионалната кариера ја започна во Манчестер Сити. Меѓутоа, не се докажа на „Енфилд“, па се пресели во Алмерија.

Оваа сезона во Секунда постигна два гола на 14 натпревари, но неговите квалитети не останаа незабележани, па веќе во јануари може да се пресели на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…