Дома Фудбал Лига на шампиони Валверде: И жената би си ја дал за трофејот во Лигата на шампионите

Валверде: И жената би си ја дал за трофејот во Лигата на шампионите

Реал Мадрид и Ливерпул в сабота го играат големото финале во Лигата на шампионите, трофејот е посакуван и на двете страни, а сега изјава на оваа тема која го привлече вниманието даде играчот на „кралевите“ Федерико Валверде.

Валверде силно го посакува трофејот во најелитното европско натпреварување, па се пошегува дека и жената би си ја дал за успех против „црвените“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Што сум спремен да дадам за трофејот во Лигата на шампионите? Се освен син ми…Можеби би ја дал и сопругата“, низ шега прокоментира 23-годишниот фудбалер па продолжи:

„Немате можност секој ден да играте вака големи натпревари се надевам дека ние ќе бидеме тие кои на крајот ќе го подигнат пехарот“, истакна Валверде.

За негова среќа сопругата Мина Бонино која е спортска новинарка ја прифати шегата, па нема да има „последици“.

„Добро знам колку многу Феде го посакува тој трофеј и му ја посакувам целата среќа на светот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…