Дома Фудбал Валверде го коментираше облогот со Анчелоти: Не сакам јас да сум виновникот што ќе оди во пензија

Валверде го коментираше облогот со Анчелоти: Не сакам јас да сум виновникот што ќе оди во пензија

Карло Анчелоти после натпреварот против Елче во кој Реал Мадрид забележа победа откри каков облог имал со фудбалерот од средниот ред, Ернесто Валверде.

Анчелоти бил зачуден од слабиот голгетерски ефект кој го има Валверде во претходните години, па му порачал дека ако не постигне 10 гола сезонава ќе ја искине тренерската лиценца и ќе оди во пензија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Својата добра форма Валведе ја потврди и вчера со новиот гол, кој беше веќе негов петти сезонава.

„Анчелоти ми кажа дека морам да постигнам барем 10 гола и фокусиран сум на тоа. Не сакам јас да бидам виновникот што ќе оди во пензија. Имам некој притисок, но тоа е добар и позитивен притисок“, искоментира Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пикси објави список од 35 фудбалери за Европското првенство

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси денеска го објави поширокиот список н…