Манчестер Јунајтед и Ливерпул речиси 60 години не реализирале меѓусебни трансфери поради големото ривалство, но тоа наскоро би можело да се промени.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ливерпул планира во јануари да тргне по потписот на Џејдон Санчо, кој не е задоволен во Манчестер Јунајтед и не е во плановите на тренерот Ерик Тен Хаг.
Санчо не сака да замине од Премиерлигата, а тоа дополнително ги подгреа шпекулациите за неговата преселба на „Енфилд“.
Цената на Санчо во моментив изнесува околу 30 милиони фунти, сума која Ливерпул нема да има проблем да ја плати.