Дома Фудбал Останато Вака изгледаше извештајот на човекот кој за Барса го скаутираше 17 годишниот Марадона

Вака изгледаше извештајот на човекот кој за Барса го скаутираше 17 годишниот Марадона

Цезар Луис Меноти поранешниот селектор на Аргентина и помогна на Барселона да го доведе тогаш младиот Диего Марадона од Бока Јуниорс во Каталонија.

Овие денови после смртта на на Марадона од страна на агенцијата за медиуми објавен е извештајот кој Меноти го испратил во Барселона во 1978 година откако го гледал мечот помеѓу Бока и Аргентинос Јуниорс. Марадона во тоа време имаше 17 години, извештајот изгледал вака.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Извештај: Диего Армандо Марадона

Оценка: Многу добар, извонреден. Брзина 9.5. Забрзување 9.5. Со топка 9.1 Без топка: 9.5 Агилност 9.5. Скок. 8

Психолошка страна: Ментална сила 10. Отпорност на прекршоци 10. Концентрација 10. Себичност 0. Карактер 10.

Општа особина: Непобедлив

Прецизна техника: Извонреден, застрашувачки и ефикасен дриблер. Силен. Храбар. Одличен удар. Одличен пас. Максимално прецизен. Беспрекорна визија. Просечна игра со глава. Добар лидер. Знае да ја задржи топката.

Индивидуална тактика: Комплетна фудбалска интелегенција. Комплетно чувство за фудбал.

Општи заклучоци: Млад. Роден 30.10.1960. Има неверојатна техника и дриблинг на високо ниво. Секогаш оди кон голот, знае кога треба да се ослободи од топката. Одлични рефлекси. Неговите кратки додавања и удари се чудо.

Четири години по овој извештај Барселона го доведе Марадона од Бока, а Аргентинецот за каталонскиот тим постигна 22 гола на 36 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…