Лионел Меси успеа да ја однесе Аргентина до полуфиналето на Светското првенство каде што „гаучосите“ ќе играат со Хрватска.
На патот до полуфиналето Меси стана и вториот најфаулиран играч во историјата на Светските првенства.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Добро се знае колкава е важноста на Меси за Аргентина, па поради тоа, но и со неговиот стил на игра е честа мета на противничките фудбалери. Според „Опта“ откако се мери статистика на Светските првенства Меси е вториот најфаулиран играч на Мундијалите.
Пред Меси е само неговиот легендарен сонародник, Диего Армандо Марадона. Меси е е фаулиран 65 пати, додека Марадона е далеку пред него со 152. Зад Меси се Жаирзињо, Нејмар и Кристијано Роналдо.
65 – Lionel Messi has now been fouled 65 times in World Cup matches. Since Opta have this data (from 1966), this is the second most fouls won by any player at the tournament, although 87 behind Diego Maradona's record (152). Targets. pic.twitter.com/h5Z1uwtKHU
— OptaJoe (@OptaJoe) December 9, 2022