Дома Трансфер зона Важен состанок на „Камп Ноу“ поради Нејмар

Важен состанок на „Камп Ноу“ поради Нејмар

Барселона подготвува официјална писмена понуда до Пари Сент Жермен за Нејмар, тврдат каталонските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За таа цел денес клупските директори се собраа на важен состанок на „Камп Ноу“ каде ќе бидат разгледувани спортските и економските аспекти од трансферот.

На состанокот ќе биде одлучено колкава ќе биде конечната сума која Барселона ќе ја понуди за потписот на Бразилецот. Има две веријатни: за купување веднаш, или привлекување на позајмица и откуп следното лето.

Различни се информациите од шпанските и француските медиуми за сумата која ја бара ПСЖ за трансферот на Нејмар.

„Гоал“ пишува дека во Париз попуштиле и спремни се да прифатат и едно друго сценарио – позајмица со обврска за откуп или пари плус некој играч на Барселона.

Нејмар додека го чека трансферот започна да тренира со тимот на ПСЖ, но не зеде учество на мечот протов Рен викендов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…