Дома Фудбал Важен потпис во Манчестер: Родри ја продолжи верноста кон Сити

Важен потпис во Манчестер: Родри ја продолжи верноста кон Сити

Eден од најстандардните фудбалери на шампионот на Англија, Манчестер Сити, Родри го продолжи договорот и ќе остане на „Етихад“ до 2027 година.

Родри во редовите на Манчестер Сити дојде во 2019 година од Атлетико Мадрид за 62 милиони евра и одлично се вклопи во концепцијата на Пеп Гвардиола.

Шпанскиот играч за врска има 26 години, а во изминатите три сезони одигра 151 натпревар за „граѓаните“ и со седум голови помогна Сити да дојде до шампионската титула во Премиер лигата.

Родри беше стрелец во последното коло кога Манчестер Сити направи пресврт против Астон Вила враќајќи се од 0:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не сака да чека: Подготвува нов договор за Раја

Давид Раја има договор до 2028 година, но Арсенал наводно планира разговори за подолга сор…