Џанлуиџи Буфон оваа лето после долги години го напушти Јувентус, а за нова дестинација го избра француски Пари Сен Жермен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во ПСЖ соработува со голем број квалитетни фудбалери, но секако во прв план се истакнуваат Килијан Мбапе и Нејмар.
Бразилецот Нејмар веќе со години е во самиот врв на светскиот фудбал додека Мбапе штотуку започнува да блеска во полн сјај. Италијанскиот голман ги цени и двајцата, но смета и што е скандалозно тоа што Нејмар се уште нема „Златна топка“.
„Сум играл со голем број шампиони. Не се сомневам дека во ПСЖ има такви шампиони, Нејмар и Мбапе се со такво педигре. За мене е скандалозно што Нејмар нема „Златна топка“ и сум му го кажал тоа и на него“, изјави Буфон.