Дома Фудбал Буфон се врати во репрезентацијата: Се враќам поради Астори!

Буфон се врати во репрезентацијата: Се враќам поради Астори!

Легендарнииот италијански голман, Џанлуиџи Буфон одговори на повикот на селекторот Ди Бијаџо и повторно ќе го носи репрезентативниот дрес.

Буфон се откажа од репрезентацијата после неуспехот за пласман на Светското првенство, а сега објасни зошто ја променил одлуката.

„Јас сум доследна личност со големо чувство на одговорност. Тоа е веќе доволно за да бидам присутен во репрезентацијата, а исто така, секогаш бев елемент кој ги обединуваше играчите и во националниот тим. Некои млади момци растат, некои стигнале да ја водат екипата и сите тие ќе добијат шанса“, изјави Буфон.

„Давид Астори е уште една од причините зошто сум овде и зошто го прифатив повикот“, додаде легендарниот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хоџа ја отвори голгетерската сметка во Англија, Лидс У21 загуби од Хартлпул

Дитмир Хоџа го постигна единствениот погодок за Лидс У21 во поразот со 3:1 кај Хартлпул. З…