Дома Фудбал Лига на шампиони Буфон има несоница поради – Кристиано Роналдо!

Буфон има несоница поради – Кристиано Роналдо!

bufon ronaldo

После кратката пауза во неделата која следи ни се враќа Лигата на шампионите со првите ¼ финални натпревари.

Љубителите на фудбалот во вторник ќе имаат можност да гледаат нов дуел на старите познаници Јувентус и Реал Мадрид кои минатата годинаа играа во финалето каде што Реал славеше со убедливи 4:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот голман на Јувентус Џанлуиџи Буфон призна дека има несоница пред натпреварите против Реал. Главната причина е Кристиано Роналдо кого Џиџи не го памети по добро.

„Историјата вели дека играме против екипа која е посилна од нас. Сепак, имаме два натпревари да дадеме максимум и да се пласираме во следната фаза. Сите знаеме дека Реал е моќен тим и фактот што повторно ќе се сретнам со Кристиано Роналдо ми предизвикува несоница“, изјави Буфон.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Реал Мадрид се игра во вторник со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Овие две земји ќе имаат по пет клуба во Лигата на шампионите

Италија и Германија заработија дополнително место во Лигата на шампионите следната сезона,…