Дома Фудбал Останато Бурно било во соблекувалната на Фенер по поразот во дербито: Мурињо се заканил и со заминување!

Бурно било во соблекувалната на Фенер по поразот во дербито: Мурињо се заканил и со заминување!

Жозе Мурињо бил бесен поради поразот во дербито со Галатасарај за викендот.

Португалецот беше поразен во своето прво големо дерби на клупата на Фенербахче, а посебно бил разочаран и бесен од играта која ја прикажале неговите фудбалери на теренот.

Турските медиуми денеска пишуваат дека Мурињо им одржал лекција на фудбалерите уште веднаш по поразот во соблекувалната.

„Мурињо го собра тимот и ја заклучи соблекувалната. Пред големиот екран им ги објаснуваше грешките на фудбалерите, а потоа кажа: Дојдов тука да бидам шампион. Ако повторно видам ваков натпревар, ќе го напуштам клубот“, објави новинарот Серчан Хамзаоглу.

Фенербахче го доведе Мурињо со цел да се прекине постот од десет години без титула во турското првенство, но истовремено и Галатасарај доведе сериозни засилувања во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сопственикот на Ман Сити може да биде принуден да се раздели со клубот

Сопственикот на Манчестер Сити шеик Мансур може да биде принуден да се раздели со клубот к…