Дома Фудбал Бунт во Барселона, играчите одбија намалување на платата

Бунт во Барселона, играчите одбија намалување на платата

Нема крај за проблемите во Барселона околку новиот договор на Лионел Меси.

Аргентинецот е слободен агент, постигна договор со Барселона за продолжување на соработката, но се уште не е потпишан бидејќи клубот има финансиски проблеми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Барселона треба значително да го намали буџетет за плати за да може да го потпиши договорот со најголемата ѕвезда.

Сега се појавуваат нови проблеми. Имено, пристигнуваат информации дека претседателот на клубот од Ноу Камп, Жоан Лапорта разговарал со Пике, Алба, Бускетс и Роберто за намалување на платата.

Ниту еден од споменатите играчи не се согласил на тоа, бидејќи, во тој случај, тие ќе добијат 40 проценти помалку пари отколку што добиваат сега.

Каталонскиот клуб исто така има намера да заштеди многу со продажба на играчи, а први на листата се Миралем Пјаниќ, Филипе Кутињо и Самуел Умтити

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…