Фудбалската репрезентација на Бразил одлучи пријателскиот натпревар против Гвинеја кој ќе се игра на 17-ти јуни да го игра во црни дресови.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бразилците во ваквите дресови ќе играат во знак на протест против расизмот на фудбалските терени. Последен поголем скандал на терените со бразилските фудбалери го имаше Винисиус Жуниор кој беше навредуван во натпреварот против Валенсија.
На црните дресови на Бразил ќе се истакне само еден елемент – златен број. Засега најавите се дека Бразилците во овие дресови ќе играат само во првото полувреме, а потоа во второто ќе истрчаат со стандардните „жолти-сини“.