Дома Трансфер зона Борусија потврди: Сити, Реал и Ливерпул го сакаат Белингам

Борусија потврди: Сити, Реал и Ливерпул го сакаат Белингам

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел истакна дека клубот ќе се обиде да го задржи Џуд Белингам, но призна дека нема да биде лесно.

Белингам се етаблираше во еден од најголемите европски таленти, па на лето гигантите ќе водат голема битка за неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ќе направиме се што е возможно за да го задржиме Белингам за уште една сезона. Но, нема да биде лесно зошто Манчестер Сити, Реал Мадрид и Ливерпул се силно заинтересирани за него“, изјави Кел.

Борусија синоќа испадна во осминафиналето од Лигата на шамиони од Челзи, но се уште се бори за титулата во Бундеслигата, а Баелингам е сигурно најважниот фудбалер во тимот.

Медиумите пренесуваат дека Борусија ќе бара 140 милиони евра за слободата на 19-годишниот Англичанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…