Дома Трансфер зона Борусија Дортмунд од Лондон пронајде ОДЛИЧНА замена за Обамејанг

Борусија Дортмунд од Лондон пронајде ОДЛИЧНА замена за Обамејанг

Габонецот, Пјер-Емерик Обамејанг во следните неколку дена треба да стане член на Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличниот напаѓач ги договорил сите услови околу трансферот со лондонскиот тим и тој во следните денови ќе потпише договор со „Топчиите“ во трансфер вреден 70 милиони евра. Борусија веќе почна да бара замена. Пронајдоја иделен играч за нивниот тим, а нов член на Дортмунд би требало да стане актуелниот играч на Челзи, Мичу Батшуаи.

Овој 24-годишен фудбалер не добива премногу шанси за игра под водство на Конте. Веќе е одлучено дека тој може да го напушти тимот, се поврзуваше и со трансфер во Севиља, но на крајот најверојатно ќе заврши во Дортмунд. Белгијанецот се смета за одличен играч. Меѓутоа, вистинска шанса на „Стемфорд Бриџ“ не дочека, а ни останува да видиме што ќе се случи ако го облече дресот на Борусија.

Оваа сезона Батшуаи одигра вкупно 22 натпревари за „Сините“ во сите натпреварувања и постигна девет гола. Пред Челзи играше уште за Стандард и Марсеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…