Дома Трансфер зона Борусија Дортмунд го обезбеди и третото засилување – за 27 милиони евра!

Борусија Дортмунд го обезбеди и третото засилување – за 27 милиони евра!

delaney

Томас Дилејни е третото засилување на „Вестфален“.

Борусија Дортмунд вечерва го комплетираше трансферот на уште еден фудбалер. Од Германија пристигнуваат информации дека во петок официјално ќе биде претставен репрезентативецот на Данска Томас Дилејни.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Дилејни ќе биде една од најдобрите продажби во историјата на Вердер, а заменик капитенот на германскиот клуб ќе се пресели во Дортмунд за сума од 24 милиони евра плус три како бонуси, доколку Борусија Дортмунд се избори за место во Лигата на шампионите следната сезона.

Од завршувањето на сезоната се во тек преговорите околу иднината на Дилејни, 26 годишниот универзалец од средниот ред кој настапуваше за Вердер изминатата година ипол откако стигна од Копенхаген во 2017 година. Вердер тогаш за неговите услуги плати 20 милиони евра.

Томас Дилејни ќе биде третото засилување за Борусија Дортмунд ова лето после голманот Марвин Хиц (Аугусбург, слободен играч) и Маријус Волф (Ајнтрахт, пет милиони евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…