Дома Македонски спорт Борко Ристовски за Антиќ: Излага, пие, користи „бели прашкасти материи“

Борко Ристовски за Антиќ: Излага, пие, користи „бели прашкасти материи“

Поранешниот македонски репрезентативен голман, Борко Ристовски беше гостин во подкастот „Бомбакис“, а во него во еден дел Ристовски зборуваше за Перо Антиќ.

Некаде пред крајот на гостувањето Борко доби прашање за ситуација во која избегнал да разговара со првиот човек на македонската кошарка кога двајцата се сретнале.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Кога стана претседател на кошаркарската федерација на Македонија, си кажав супер, ќе дојде некој кој ја разбира кошарката. Сепак, негова прва одлука беше со најголеми букви да додаде Северна Македонија, иако апсолутно нема потреба за такво нешто и ниту една федерација се уште го нема направено тоа“, зборуваше Ристовски, па продолжи со уште пожестоки обвинувања.

„Се слушаат работи низ град, за приватно што ги прави. Излага пие, користи „бели прашкасти материи“. Тоа е право на избор, но ти си претседател на Кошаркарска федерација и носиш, можеш да се тргнеш, па да правиш што сака, додека си таму имаш одговорност…“.

Моментот во кој Борко зборува за Антиќ е од 1:18:00 во видеото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија со пораз од Естонија го почна настапот во Европската златна лига

Македонските одбојкари со 3-1 во сетови беа поразени од Естонија во првиот меч од Европска…