Дома Трансфер зона Бонучи ќе продоложи да игра во „црно-бело“, но во Премиер лигата?

Бонучи ќе продоложи да игра во „црно-бело“, но во Премиер лигата?

Според последните информации од Италија, екипата на Њукасл покажала интерес за Леонардо Бонучи.

Во Јувентус 36-годишниот дефанзивец заработува 6.5 милиони евра по сезона нето плата, а бруто изнесува 13 милиони евра. Јувентус наводно нема да прави проблем да го ослободи поради неговите високи примања.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Калчомеркато“ објави дека Њукасл ја разгледува можноста да испрати понуда до Бонучи во наредните денови. Засега информациите говорат дека Бонучи не сака да оди во МЛС или Саудиска Арабија, а Премиер лигата би можела да биде привлечна дестинација.

Но, треба да се истакне дека поради годините и амбициите кои ги има Њукасл, ваквата информација звучи изненадувачки. Ќе потсетиме, Њукасл неодамна го доведе Сандро Тонали од Милан, следната сезона овој тим го очекува настап во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…