Новото засилување на Милан, Леонардо Бонучи веќе од управата на клубот бара засилување во нападот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бонучи вчера пристигна во редовите на „Росонерите“ за 40 милиони евра и по седум сезони во дресот на Јувентус, денеска ги заврши лекарските прегледи.
Тој очигледно е свесен дека Милан нема класичен напаѓач, а неговата желба е следната сезона тоа да биде Алваро Мората од Реал Мадрид. Потсетуваме, тие двајца заедно настапуваа во Јувентус, па изгледа дека Мората на Бонучи му останал во убаво светло и смета дека е вистински напаѓач за Милан.
Освен Милан, за Мората е заинтересиран и Челзи, а постои опција шпанскиот напаѓач на крајот да остане и во Реал Мадрид. Секако, освен Мората, кога станува збор за нападот, Милан е заинтересиран и за Обамејанг и Белоти.