Дома Топ вести „Бомба“: Серхио Рамо се сели во Италија

„Бомба“: Серхио Рамо се сели во Италија

Јувентус веќе работи на привлекувањето на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, тврдат шпанските медиуми.

Договорот на 34-годишниот дефанзивец со „кралевите“ истекува за десет месеци, поточно во јуни 2021 година.

Се уште нема најава за започнување на преговори за продолжување на соработката, а познат е дека Перез не сака долги договори за играчите над 33 години, па се погласно се шпекулира со заминување на Серхио Рамос.

Јуентус сака да ја искористи таквата ситуација и веќе стапил во контакт со агентот на Рамос. „Бјанконерите“ се спремни да му понудат двегодишен договор со опција за уште една година.

Интерес за Рамос покажува и ПСЖ, но Јувентус е фаворит за неговиот потпис, а главна улога во трансферот ќе игра и неговиот пријател Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…