Шпанските медиуми пренесуваат дека сепак постои можност Бернардо Силва ова лето да се пресели во Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона минатото лето силно го посакуваше Португалецот, но немаше финансиска моќ да го реализира трансферот, а Бернардо Силва стави потпис на нов договор.
29-годишниот Португалец се уште сака да ја промени средината, а Реал Мадрид е спремен да ја искористи таквата ситуација.
Португалецот е трансферна цел и на Барселона, но „кралевите“ се надеваат дека можат да излезат како победници и во оваа трка и се спремни да понудат 80 милиони евра.