Јувентус е во потрага по нов напаѓач и се насочи кон дорбо познато име, тврдат медиумите во Италија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Станува збор за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората, кој исто така има голема желба да се врати во Јувентус.
Игуаин ќе го напушти Јувентус, а Пирло е во потрага по напаѓач кој ќе биде идеален партнер на Роналдо, па Мората е прва желба на новиот тренер.
Јувентус започна преговори со Суарез, но Уругваецот тешко дека ќе се ослободи од Барселона без обештетување.
Поради тоа Мората е пореална опција, бидејќи Атлетико има потреба од продажба на неколку фудбалери.
Шпанецот дал согласност за враќање во Торино, па сега останува двата клуба да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.