Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Интер тргнува по Габриел Жесус

„Бомба“ од Апенините: Интер тргнува по Габриел Жесус

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и пренесуваат дека Интер е силно заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус.

„Нероаѕурите“ се во потрага по напаѓач за следната сезона, а најголема желба на Антонио Конте е токму Габриел Жесус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лаутаро Мартинез најверојатно ова лето ќе го напушти Интер, но и ќе ја наполни касата на клубот, па „нероаѕурите“ сакаат да го заменат со напаѓач од светска класа.

Габриел Жесус не е задоволен од својот статус на „Етихад“ и е спремен да ја промени средината, па Интер сака да ја искористи таквата ситуација.

Меѓутоа, Гвардиола сака да го задржи Бразилецот бидејќи Агуеро е на залез на својата кариера.

Италијанските медиуми тврдат дека Интер е спремен да понуди 80 милиони евра за потписот на Габриел Жесус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи спреми 70 милиони за ѕвездата на Аталанта

Челзи се приклучи во трката за потписот на ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативе…