Дома Топ вести „Бомба“ од Англија: Кајл Вокер во Сити за РЕКОРДНА сума!

„Бомба“ од Англија: Кајл Вокер во Сити за РЕКОРДНА сума!

Англиските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Манчестер Сити е блиску до привлекување на десниот бек на Тотенхем и англиски репрезентативец, Кајл Вокер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, „Скај Спорт“ тврди дека Сити и Тотенхем постигнале договор со за трансфер вреден 50 милиони фунти (56 милиони евра) и дека играчот наскоро ќе пристигне на прегледи во Манчестер.

27-годишниот Англичанец веќе има постигнато договор со „граѓаните“ и доколку навистина се реализира трансферот ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

Рекордот во моментов го држи Џон Стоунс, кој минатото лето пристигна во Сити за 55 милиони евра, а „граѓаните“ за Вокер ќе платат 1 милион повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…