Дома Топ вести БОМБА: Милан ја купува ѕвездата на Наполи за „смешни пари“

БОМБА: Милан ја купува ѕвездата на Наполи за „смешни пари“

Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Милан работи на трансферот на Каљехон од Наполи.

Имено, „Спортмедиасет“ повикувајќи се на извори блиси до „росонерите“ пренесуваат дека Милан веќе стапил во контакт со агентот на Шпанецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно и самиот фудбалер дал согласност за трансфер во Милано, а голема улога одиграл Пепе Реина кој од следната сезона ќе се пресели на „Сан Сиро“.

Медиумот открива дека Каљехон во договорот има откупна клаузула од само 20 милиони евра, која „росонерите“ се спремни веднаш да ја активираат.

Каљехон има договор со Наполи до 2020 година, а Милан му нуди тригодишен договор и значително поголема плата.

Медиумот тврди дека трансферот ќе биде официјализиран веднаш по завршувањето на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…