Дома Топ вести Бомба: Арсен Венгер на клупата на европски гигант!

Бомба: Арсен Венгер на клупата на европски гигант!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер на лето би можел да седне на клупата на Пари Сент Жермен, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Венгер со Арсенал истекува по завршувањето на сезоната, а како што сега стојат работите, клубот веќе донел одлука да го промени менаџерот после две децении.

После срамната елиминација од Баерн Минхен со вкупни 10:2, сите во клубот се свртија протув Венгер и делува дека конечно дојде времето за разделба.

Таквата ситуација сака да ја искористи Пари Сент Жермен, односно сопственикот Ал Келаифи и да го донесе „Професорот“ на „Паркот на принцовите“.

После срамниот пораз од Барселона со 6:1 раснишано е столчето на тренерот Унаи Емери и после завршување на сезоната сигурно ќе дојде до тренерска смета, а најголема желба на „светците“ е токму Арсен Венгер.

Ал Келаифи е голем фан на Венгер и во него гледа искусна и авторитетна фигура која ќе го води клубот кон нови успеси, а парите за францускиот клуб не се никаков проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…