Бобан Георгиев е најновото, четврто, засилување за Брегалница во летниот преоден рок. „Сините“ во своите редови го враќаат дома 24-годишниот Георгиев кој изминатава сезона настапуваше за новиот шампион на БиХ, Борац Бања Лука.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Георгиев, кој фудбалски потекнува токму од Брегалница, на домашната сцена повеќе од успешно настапуваше во дресовите на Брегалница и Силекс каде од 2017 до 2019 година мина две одлични години. Потоа следеше трансферот во Радник Сурдулица, и на крај во Борац Бања Лука од каде сега повторно се враќа во синиот дрес.
Офанзивниот фудбалер од средниот ред, кој е и поранешен младински репрезентативец на Македонија, треба да биде повеќе од сериозно засилување за нашиот клуб за враќањето во елитното друштво.
Од претходно, како што е познато, нови членови на Брегалница се и поранешниот бугарски репрезентативец Иван Минчев, кој игра во средниот ред. Засилена е и одбраната со македонскиот дефанзивец Даниел Мојсов и Хрватот Антонио Азиновиќ.