Сезонава Пелистер и Вардар не се во иста лига, Вардар е во втората, додека битолскиот клуб е во првата, па купот беше единствена можност да го гледаме вечното дерби.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По двете одложувања, прво поради автобуската трагедија, потоа поради временските услови во Битола денес би требало да го гледаме „вечното дерби“.
Пелистер иако е во првата лига не може да се каже дека изразит фаворит затоа што битолчани се убедливо последни на табелата без ниту една победа во полусезоната. Од друга страна Вардар е третопласиран во втората лига на Западот.
Неодамна во Пелистер оставка си поднесе Димитар Капинковски, па тимот влегува во натпревар без перманентен тренер. Вардар пак во битката за кам-бек во првата лига доживеа два удари пред две седмици откако беше поразен од лидерот Силекс и главниот конкурент за место во баражот тимот на Воска. Од тие натпревари избраниците на Глигоров врзаа три победи со Велешта, Беаа и Кадино, па за нив одложувањето можеби и дојде во добар момент.
Како и да е, и едните и другите играат тешки сезони, па затоа пласман во полуфиналето е од големо значење за двата тима.
Фото: ФК Вардар