Дома Фудбал „Бисерот“ на Челзи одлучи за кого ќе игра

„Бисерот“ на Челзи одлучи за кого ќе игра

Тиму Абрахам е еден од најголемите таленти во школата на Челзи кој минатата сезона играше на позајмица во Бристол Сити, а веќе подолго време се шпекулира со тоа во која репрезентација ќе настапува.

Последните информации од Островот велат дека Абрахам донел конечна одлука и ја избрал Англија пред Нигерија.

Младиот англиски репрезнетативец е роден во Англија, но неговиот татко е Нигериец, па имаше право да игра за Нигерија. Иако таа африканската репрезентација се пласираше на Светското првенство во Русија, сепак младиот напаѓач немаше дилеми.

Играчот кој моментално е на позајмица во Свонси и кој на 10 натпревари постигна 4 гола сака да продолжи да игра за англиската репрезентација.

Со оглед на фактот дека има само 20 години се очекува во иднина да биде важен дел од сениорската репрезентација на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Цековски ја запечати куп-победата на Раче со гол во судиското надополнување

Денис Цековски погоди за конечни 3:1 против Ормож во словенечкиот Куп. Фудбалерот со макед…