Дома Фудбал Англија Билиќ за спорниот гол: Ме интересира кој е фраерот што кажа дека нема игра со рака

Билиќ за спорниот гол: Ме интересира кој е фраерот што кажа дека нема игра со рака

Вест Бромович викендов беше пред сензационална победа против Челзи, но на крајот натпреварот заврши без победник 3:3.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот на Славен Билиќ водеше со 3:0 после првите 45 минути, а Челзи до бод стигна со трите гола во вториот дел. Во самиот финиш од натпреварот при третиот гол на Челзи имаше една спорна ситуација. Многумина кога се прегледуваше ситуацијата од ВАР очекуваа да се поништи голот на Челзи, но тоа не се случи.

Билиќ се чудеше како е можно тоа да не биде досудено како играње со рака.

„Ако зборувам повторно ќе ме казнат, тоа не е проблем, но овие момци не заслужуваат таков третман. Одземени им беа два бода. Не можам да ги разберам правилата. Но, сакам да знам кој е фраерот од ВАР собата што кога стисна пауза кажа дека нема играње со рака. Како нема, кога имаше чиста игра со рака? Невоможно е што се случи“, зборува Билиќ во дел од изјавата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…