Дома Фудбал Англија „Би-Би-Си“: Зидан не е заинтересиран за клупата на Манчестер Јунајтед

„Би-Би-Си“: Зидан не е заинтересиран за клупата на Манчестер Јунајтед

Легендарниот Зинедин Зидан не е заинтересиран за местото менаџер во Манчестер Јунајтед, пренесува „Би-Би-Си“ повикувајќи се на блиски извори.

Клубот од „Олд Трафорд“ е во потрага по нов менаџер откако Солскјер доби отказ после поразот од Вотфорд (4:1). И пред да добие отказ како еден од можните наследници се најавуваше Зидан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, „Би-Би-Си“ пренесува дека францускиот стратег ја одбил управата на Манчестер Јунајтед и во овој момент не е заинтересиран да го преземе овој тим. Според информациите, Зидан повеќе би сакал да седне на клупата на ПСЖ доколку за тоа се создаде прилика.

Инаку, медиумите на Островот шпекулираат и дека Маурисио Покетино кој сега го води ПСЖ е еден од кандидатите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дефинитивно има проблем: Погледнете како Салах се однесуваше кон Клоп 🎥

Eдна од главните теми во фудбалскиот свет е караницата помеѓу Јирген Клоп и Мохамед Салах …