Репрезетантивниот дефанзивец на Македонија, Егзон Бејтулаи е оптимист пред првиот меч на ЕП против Австрија.
Бејтулаи истакна дека е среќен што е дел од оваа репрезентација и се надева дека со резултатите на ЕП ќе ги израдуваат навивачите.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
„Се чувствувам одлично што сум дел од оваа репрезентација која направи историски успех. Со нетпрение го очекувам почетокот на првенството. Се надевам дека во Букурешт ќе се претставиме во одлично светло и ќе успееме да ги израдуваме нашите навивачи. Секогаш давав се од себе, во младата репрезентација на Македонија до 21 година и во А репрезентацијата. Треба подеднакво добро да напаѓаме и да се браниме. Имаме одличен тим, подготвени сме за Евро 2020“, изјави Бејтулаи.
Фото: ФФМ