Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи повеќе не е член на Хелсингборг, откако спогодбено го раскина договорот со шведскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бејтулаи побарал раскин на договорот поради лични причини, па заминува од шведскиот клуб без ниту еден настап.
Во јануари годинава Бејтулаи потпиша договор на три години. Нашиот одбранбен играч моментално се наоѓа во Македонија и не може да ја напушти поради пандемијата.
„Морам да бидам дома од семејни причини. Ова беше најдобро решение, бидејќи не сум во можност да го дадам својот максимум. Наидов на разбирање од страна на раководството на клубот и поради тоа сум благодарен. Не е секогаш како што планирате и се надевате, но му посакувам се најдобро на клубот“, истакна Бејтулаи.