Дома Фудбал Mилевски дополнително го повика Бејтулаи за Грузија и Бугарија

Mилевски дополнително го повика Бејтулаи за Грузија и Бугарија

Mакедонија денес го има собирот пред двата натпревари од Лигата на Нации против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември), а пред овие два натпревари селекторот Милевски се соочува со многу проблеми.

Капитенот Стефан Ристовски кого селекторот Благоја Милевски на последната прес-конференција го издвои како еден од малкумината репрезентативци со добра и натпреварувачка форма се повреди.

Милевски така се соочува со проблеми пред овие средби. Од претходно е потврдена повредата на Дарко Чурлинов, Тихомир Костадинов подолго време е надвор од терените, а отпадна и Валон Етеми.

Поради проблемите со повреди во репрезентацијата за овие две средби повик дополнително доби дефанзивецот на Шкендија, Егзон Бејтулаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пет злата за Олимпија во Тиволи, Андреа Нисева успешна и меѓу сениорките

Штипска Олимпија го заврши турнирот „Императоре Адријано“ со пет златни и еден бронзен мед…