Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија е спремна: Повторно сакаме да донесеме тука гиганти како Милан!

Шкендија е спремна: Повторно сакаме да донесеме тука гиганти како Милан!

Eкипата на Шкендија утре ја очекува натпревар против ерменски Арарат кој секако не смее да се потцени.

На денешната прес-конференција покрај тренерот Шаќири зборуваше и стоперот Егзон Бејтулаи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Шкендија секогаш оди на победа, така е и во Европа. Максимално сме подготвени, сакаме да го оставиме лошиот период зад нас. Сакаме да поминеме неколку кола и повторно да донесеме тука гиганти како Милан и слични големи тимови“, изјави стоперот.

И тренерот Шаќири смета дека тимот е подготвен.

„Тешки беа подготовките, но ние сме спремни. Спремни сме да в леземе во дуелот со цел за победа, на хартија сме фаворити, а на теренот сакам да бидеме и повеќе тоа. Секако дека очекувам голема помош и од навивачите. Моите играчи со нетрпение го чекаат натпреварот. Против Арарат одиме без потценување“, изјави Шаќири.

Фото: Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…