Дома Трансфер зона Бејл ги мина прегледите, ќе го чини Тотенхем 20 милиони фунти

Бејл ги мина прегледите, ќе го чини Тотенхем 20 милиони фунти

Герет Бејл ги помина задолжителните лекарски прегледи пред да го финализира трансферот во Тотенхем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа се случило уште вчера во Мадрид, а утрово Велшанецот со приватен авион ќе отпатува во Лондон за да стави потпис на договорот со „спарси“.

Со него ќе лета и друг играч на Реал Мадрид, левиот бек Серхио Регулион, кој исто така ќе потпише за Тотенхем, но со перманентен трансфер.

Според „Скај Спорт“ едногодишниот престој на Бејл ќе го чини Тотенхем околу 20 милиони фунти, а во таа сума влегуваат парите за платата и цената за позајмицата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…