Манчестер Јунајтед денес потврди дека Немања Матиќ ставил потпис на нов договор и се обврзал на верност до 2023 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српскиот играч за врска на почетокот на сезоната не добиваше минутажа, па дури се шпекулираше со негово заминување, но од февруари е незаменлив во тимот на Солскјер.
Матиќ му даде стабилност и баланс на тимот, па раководството го награди со нов тригодишен договор.
„Како фудбалер мислам дека можам уште многу да дадам и да ја збогатам мојата кариерата. Голема чест е што ќе можам тоа да го направам со Манчестер Јунајтед“, изјави Матиќ.
Ready for business ?
— Manchester United (@ManUtd) July 6, 2020
Congratulations on your new deal, @NemanjaMatic ?#MUFC pic.twitter.com/YmdK4uyLCc