Мемфис Депај замина од Јунајтед и се пресели во Лион, но Холанѓанецот сеуште има големи амбиции.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Депај беше еден од најлошите фудбалери на Манчестер Јунајтед по пристигнувањето на Жозе Мурињо, па не е ниту чудно што Португалецот не сметаше на него.
Холанѓанецот во Лига 1 заигра многу подобро, започна да постигнува голови и асистира, но прашање е како би се снашол во некој поголем клуб.
Сепак, тој даде храрба изјава во која истакнува дека се надева дека еден ден ќе заигра за Реал Мадрид, бидејќи тоа е негов најголем сон.
„Верувам дека еден ден ќе заиграм за Реал Мадрид. Тоа е мојата цел. Бог тоа најдобро го знае и тој ќе ми помогне да го остварам“, изјави Депај.
Депај во јануари оваа година пристигна во Лион, а до сега постигна осум погодоци на 27 натпревари.