Дома Фудбал Лига на шампиони Беспрекорниот настап на Матијас Де Лихт против Јувентус (ВИДЕО)

Беспрекорниот настап на Матијас Де Лихт против Јувентус (ВИДЕО)

Ајакс приредувајќи уште една сензација испиша прекрасна приказна во својата историја, холандскиот тим се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сите фудбалери на Ајакс заслужуваат честитки за играта и борбеноста која ја покажаа на теренот, но посебно се истакна нивниот 19 годишен капитен за кого европските гиганти водат голема борба, Матијас Де Лихт.

Де Лихт е еден од петмината старетери од вчерашниот натпревар кои ја поминаа славната школа на Ајакс која најмногу стана популарна во времето на Јохан Кројфт.

Кога на постарите љубители ќе им зборувате за убав фудбал тие нема да помислат на Реал, Барса, Баерн, Јувентус, Јунајтед…Тие ќе помислат на генерацијата на Ајакс од 70-тите години.

Сега тој фудбал повторно живее со нови „деца“ од Амстердам. Де Лихт иако има само 19 години тој е капитен на тимот, а вчера покажа зошто со неговото име се поврзуваат астрономски бројки. Статистиката на Де Лихт од овој натпревар е навистина неверојатна.

Овој 19 годишен стопер ги доби сите дуели, имаше 10 од 10 успешни расчиствување, како победник излезе од три воздушни дуели, имаше три одеземени топки, а круна на се беше голот вреден полуфинале.

Да Лихт зад себе веќе има повеќе од 100 натпревари за Ајакс и е стандарден репрезентативец на Холандија, оваа сезона стана и најмладиот капитен во Лигата на шампионите.

Во продолжение погледнете како изгледаше настапот на Де Лихт…

https://www.youtube.com/watch?v=SbbLlmnJmkY

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …