Дома Фудбал Англија Бербатов: Играчите на Манчестер Јунајтед се премногу фини

Бербатов: Играчите на Манчестер Јунајтед се премногу фини

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед мораат да покажат дрскост ако сакаат да освојуваат трофеи, тврди поранешниот играч на „црвените ѓаволи“, Димитар Бербатов.

Екипата од „Олд Трафорд“ беше поразена во полуфиналето од Лига Купот против Манчестер Сити. Менаџерот Оле Гунар Солскјер после тој натпревар изјави дека не постои проблем туку дека „граѓаните“ биле подобри.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Манчестер Јунајтед е поразен во четири полуфиналиња во низа. Тоа мора да се промени. Премногу пати се случува за да биде случајно. Некогаш притисокот е преголем, во клубот мораат да утврдат во што е проблемот и да го поправат тоа. Во дерби натпреварите често пати не победува тимот кој е во подобра форма, туку тоа колку играчите ја посакуваат победата. Како што Мурињо кажа еднаш – морате да бидете дрски за да освојувате трофеи. Ми изгледа дека играчите на Јунајтед се премногу фини“, изјави Бербатов.

Во Премиер лигата „црвените ѓаволи“ се втори на табелата со 33 бодови. Толку бодови има и Ливерпул, но „црвените“ имаат натпревар повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА конечно ќе ја исправи големата неправда кон Левандовски

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски наскоро би требало да ја доби „Златната топка“ за 2020…