Дома Фудбал Англија Бербатов: Ако Солскјер заврши во првите четири, не треба ништо да се менува

Бербатов: Ако Солскјер заврши во првите четири, не треба ништо да се менува

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов го поддржа именувањето на Оле Гунар Солскјер за менаџер на клубот од Олд Трафорд.

Планирано е Солскјер на клупата на Црвените ѓаволи да биде до крајот на сезоната и после тоа да се врати во Молде, а во меѓувреме Јунајтед ќе започне потрага за некој врвен тренер кој би добил работа за стално.

Солскјер го превзема Јунајтед во тешка позиција, а Бербатов смета дека шансите за четвртото место и пласман во ЛШ се уште не се загубени.

„На Солскјер ќе му биде тешко да ја исполни целта и да го однесе Јунајтед во ЛШ, но тоа не е невозможно. Ако навистина успее да дојде до една од првите четири позиции, Јунајтед не би требало ништо да менува. Тогаш би било најдобро Солскјер да остане менаџер.“

Оле Гунар Солскјер на клупата на Јунајтед ќе дебитира во сабота против Кардиф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чинеше 125 милиони и веќе сфати дека Реал е голем залак: Ќе помине многу време на клупата

Реал Мадрид ова лето не штедеше. Кралскиот клуб донесе низа звучни засилувања, но веќе по …