Дома Фудбал Останато Бекам му даде отказ на својот пријател во Интер Мајами

Бекам му даде отказ на својот пријател во Интер Мајами

Aмериканската МЛС лига во минатото често стана дестинација за многу познати фудбалски имиња, меѓутоа некои епизоди не се завршуваат на посакуваниот начин, а таква е оваа на Фил Невил во Интер Мајми.

Сопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам и Фил Невил се добри пријатели, но сега Невил мора да се помири со отказот од својот поранешен соиграч и добар пријател.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На клупата на Интер Мајами, Невил стигна во 2021 година и во изминатите две сезони солидно го водеше тимот, но во актуелната не му оди. Интер Мајами е последен на табелата и се бори за опстанок, па Бекам одлучи дека е време за промена.

„Понекогаш во фудбалот мора да носиме и најтешки одлуки, а за жал, чувствуваме дека е вистинско време да направиме промена. Сакам лично да му се заблагодарам на Фил за неговата напорна работа, за неговата страст кон клубот и интегритетот како личност“, изјави Бекам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…